Фудбал
Нејмар дозна за смртта на Брајант во соблекувалната, а сега опиша како изгледаше сето тоа
Пред повеќе од два месеци, целиот свет беше во шок, откако беше потврдено дека во ужасна хеликоптерска несреќа загина Коби Брајант.
Брајант загина во близина на Лос Анџелес во хеликоптерска несреќа, заедно со девет други, меѓу кои и неговата ќерка, Џиана. Смртта на еден од најдобрите кошаркари на сите времиња ја потресе светската јавност, а многумина со денови беа во шок.
За тоа зборуваше и бразилскиот фудбалер Нејмар, кој беше меѓу првите што му оддаде почит на Коби. Тоа беше натпреварот помеѓу ПСЖ и Лил кога Нејмар на полувреме знаеше дека неговиот пријател починал.
Потоа, Бразилецот успеа да постигне гол во второто полувреме, кој му го посвети на Брајант со покажување на број 24. Повеќе од два месеци по трагичниот настан, Нејмар реши да зборува за сето тоа.
„Го запознав Коби во Париз затоа што порано доаѓаше. Имавме посебна врска затоа што тој е голем човек и светот навистина изгуби многу. Неговата смрт навистина ме потресе затоа што имавме многу заедничко како спортисти. Го посветив тој гол на него, но и јас тој бев во голем шок тогаш.Во соблекувалната на полувремето ни беше кажано што се случило и сите бевме во шок. Прво мислевме дека некој се шегува, но за жал не беше така“, призна Нејмар