Поврзи се со нас

Фудбал

Нејмар го напушта ПСЖ и има само една желба

Бразилскиот офанзивен играч Нејмар нема намера да го продолжи договорот со ПСЖ.

Во последно време се повеќе се шпекулира за иднината на Нејмар во ПСЖ, а денес пристигнуваат информации дека 28-годишниот Бразилец решил да го напушти клубот на крајот од сезоната.

„Диарио Спорт“ тврди дека бразилскиот репрезентативец сака да се врати во Барселона, која ја напушти во 2017 година.

Нејмар, наводно, ќе се обиде да го убеди раководството на ПСЖ да го продаде во летниот преоден рок, а доколку тие одбијат, тој ќе замине како слободен агент летото 2022 година кога ќе му истече договорот.

loading...

Facebook