Тајмаут
Нејмар им покажа на Бразилците како се „залепи“ топката (ВИДЕО)
Бразилците се познати по добрата техника, но една од вежбите на кои им беше подложен селекторот Тите за време на подготовките за Мундијалот им отежна на „кариоките“.
Вежбата ги научи фудбалерите да ја контролираат топката, за што топката беше лансирана од 35 метри височина од дрон, а фудбалерот на теренот мораше да може да направи таков прв допир со топката што таа остана под неговата контрола потоа.
Neymar is not your average footballer! Look how everyone struggles and he just steps up like it’s nothing! Impressive 🔥🔥 pic.twitter.com/XLrhfKFI6M
— Fentuo Tahiru Fentuo (@Fentuo_) November 16, 2022
Сите играчи на Бразил се обидоа да го направат тоа, но само еден успеа – тоа беше капитенот Нејмар. Напаѓачот на Пари Сен Жермен го покажа својот врвен прв допир и успеа да ја „залепи“ топката испуштена од дрон за да може потоа да жонглира со неа, испраќајќи ги соиграчите во екстаза.