Тајмаут
Нејмар купи Бетмобил за 1,3 милиони евра, но има проблем – не може да го вози
Бразилската фудбалска суперѕвезда Нејмар неодамна додаде интересен автомобил во својот возен парк, откако купи Бетмобил за 1,3 милиони евра.
„Газета дело Спорт“ пишува дека Нејмар чекал три години за да го купи овој автомобил. Бетмобилот е возило што го користи суперхеројот Бетмен во стрипови, филмови, анимирани серии и игри од универзумот на DC, а Нејмар очигледно е голем обожавател, па затоа сакал да има реплика од овој автомобил во својата гаража.
Нејмар веќе пристигна за да го покаже својот автомобил, а она што особено го привлече вниманието на фановите е тоа што овој Бетмобил има пламенофрлач на грбот. Сепак, Нејмар се соочи со еден проблем кога станува збор за користење на овој автомобил, бидејќи воопшто не може да го вози во секојдневниот сообраќај бидејќи возилото не е легално. Така, Нејмар ќе може да го чува Бетмобилот само во својата гаража и на својот приватен имот и таму да ужива во неговиот шарм.