Фудбал
Нејмар најави експлозија: Бразилецoт и Меси ќе играат заедно!
Асот на Париз Сен Жeрмен, Бразилецот Нејмар, создаде земјотрес во светот на фудбалот.
ПСЖ го совлада Манчестер Јунајтед со 3: 1 на мечот од Лигата на шампионите , а Нејмар постигна два гола, а потоа ги „запали“ социјалните мрежи.
Бразилецот откри дека повторно сака да игра со Лионел Меси, а исто така потврди дека двајцата ќе бидат повторно соиграчи следната сезона.
– Она што најмногу го сакам е повторно да играм со Лео Меси. Сигурно е дека треба да играме заедно следната година – изјави Нејмар веднаш по натпреварот.

Бразилецот остана нејасен, не откри во кој клуб ќе играат заедно. Долго време се шпекулираше дека Нејмар сака да се врати во Барселона, каде настапи од 2013 до 2017 година. Од друга страна, Меси се судри со управата, а прашање е каква врска има со Роналд Куман.