Фудбал
Нејмар нема да се врати во Бразил, но знае каде сака да игра: „Таму одморот трае три месеци“
Нејмар неодамна го продолжи договорот со ПСЖ, но призна дека веќе размислува во кој клуб би можел да ја заврши кариерата.
Бразилецот потпиша договор со парижаните до летото 2025 година, со опција за продолжување на уште една година.
Нејмар пристигна во ПСЖ во летото 2017 година од Барселона за 222 милиони евра и се уште е убедливо најскапиот играч на сите времиња кога е во прашање фудбалот.
Јасно е дека е еден од најдобрите играчи во светот, а веќе успеа да освои голем број на трофеи во кариерата иако има само 30 години.
Но, Нејмар призна дека веќе размислува во кој клуб би можел да ја заврши кариерата и откри дека се сомнева дека ќе се врати да игра за клуб во Бразил.
Желбата на Нејмар е да се проба во САД до крајот на кариерата и откри дека сигурно ќе игра барем една сезона во МЛС.
„Не знам дали повторно ќе играм во Бразил бидејќи имам некои сомнежи околу тоа. Би сакал да играм во Америка и сигурен сум дека ќе поминам барем една сезона таму. Нивните сезони се многу пократки и би имал три месеци за одмор“, рече Нејмар.