Фудбал
Нејмар: Никогаш не сме биле посилни, можеме да ја освоиме ЛШ
Бразилскиот фудбалер Нејмар смета дека ПСЖ би можеле да ја освои ЛШ оваа сезона.
Парижаните инвестираа огромна сума пари во составот во изминатите 10 години, но не се приближија кон освојување на Лигата на шампионите.
Нејмар смета дека ова би можело да биде нивната година затоа што, како што вели, тие никогаш немале посилен тим.
„Да, мислам дека имаме можност да го направиме тоа оваа сезона. Говорејќи за играчите, од кога играм во ПСЖ, ова е најспособниот и најсилниот тим според мене. Затоа, мислам дека имаме шанса”, изјави Нејмар за француските медиуми.
ПСЖ беше шокантно запрен минатата сезона во осмото финале во Лигата на шампионите од Манчестер Јунајтед, а во оваа сезона во оваа фаза од натпреварувањето ќе игра против Борусија Дортмунд.
Говорејќи конкретно за Нејмар, тој запиша вкупно 12 натпревари оваа сезона и постигна девет гола со шест асистенции.