Connect with us

Фудбал

Нејмар од ПСЖ бара ново засилување од Барселона

Нејмар очигледно може да прави што го сака во ПСЖ.

Раководството на тимот од Париз му даде големи овластувања, па дури и да бара потенцијални засилувања кои добро би се вклопиле во тимот.

Така, според шпански „Спорт“, Нејмар побара уругвајскиот напаѓач од Барселона, Луис Суарез, да премине во ПСЖ.

Дуото имаше одлична соработка во каталонскиот клуб. Сега, Бразилецот повторно го сака, а наводно, од лидерот на ПСЖ побара да го донесат.

За заминувањето на Суарез од Барселона се зборува веќе неколку месеци. Меѓутоа, за сега од тоа нема ништо, но летото е многу долго и може да се случи се и сешто.

Суарез во ПСЖ треба да го замени сонародникот Единсон Кавани кој би можел да се врати во Италија, каде што го сакаат Јувентус и Наполи.