Поврзи се со нас

Фудбал

Нејмар одлучи!

Според шпански АС Бразилецот, Нејмар ќе потпише нов договор со ПСЖ.

Долго време се шпекулираше дека Нејмар може да ја напушти Франција и да се врати во Барселона, а потоа да се поврзе со некои други клубови, но очигледно нема ништо од тоа.

Договорот на Бразилецот со ПСЖ важи до 2022 година, а тој сепак сака годишна плата од 30 милиони евра.

ПСЖ, наводно, ќе побара таа да биде 25 милиони евра, а очекува позитивен одговор од фудбалерот.

Двете страни се очекува наскоро да седнат на маса, а со тоа и официјално да бидат отфрлени опциите Бразилецот да се пресели во Реал Мадрид или Ливерпул, двата тима кои беа најгласни во неговото доведување.

loading...

Facebook