Фудбал
Нејмар: Ова Светско првенство може да биде мое последно
Нејмар не е сигурен дали ќе добие уште една шанса да го претставува Бразил на Светското првенство по шампионатот во Катар во ноември и декември оваа година.
Напаѓачот на Пари Сен Жермен по трет пат во кариерата ќе игра на најголемиот фудбалски форум, а селесао е во група со Камерун, Србија и Швајцарија.
“Ќе играм како минатиот пат. Зборував со татко ми, секогаш ги коментираме настаните. Ќе се трудам како ова да ми биде последна борба бидејќи не знам што ќе се случи утре. Не можам да гарантирам дека После тоа ќе бидам на уште едно Светско првенство. Зависи од многу работи. Среќен сум и сакам да продолжам да победувам. Сакам да заврши добро со репрезентацијата. Целта ми е да се подобрувам секој ден. Имаме потенцијалот да се оди далеку во овој шампионат“, изјави Нејмар за Глобо.