Connect with us

Фудбал

Нејмар повторно исфиркан од фановите, па им испрати порака: Свиркајте колку сакате, ќе се уморите

ПСЖ ја освои десетата титула во Франција, а зачудуваше тоа што фановите многу рано го напуштија стадионот и мал дел остана да ја слави титулата. Дури имаше и свирежи повторно за Нејмар. Фудбалерите испратија критики на адреса на фановите, а најбрутален беше Нејмар.

-Беше надреално да се гледа како дел од публиката си оди пред крајот на мечот и не ја слави титулата со нас. Ќе се уморат од свиркање, бидејќи имам уште три години од договорот. Езоната беше долга и тешка, но ја освоивме титулата и тоа е најважно. Сега треба да дишеме, да го смириме умот и да мислиме на следната година“, изјави Нејмар за „ЕСПН“.