Connect with us

Фудбал

Нејмар прогласен за најдобар играч на натпреварот Аталанта – ПСЖ

Лисабон, 13 август 2020 (МИА) – Напаѓачот на ПСЖ, Нејмар беше прогласен за најдобар играч на синоќешниот натпревар во четвртфиналето во Лигата на шампионите против Аталанта.

Бразилецот ја одигра целата средба и со една асистенција придонесе неговиот тим да победи со 2:1.

По средбата, на Нејмар му беше доделена посебна награда.

– Тој беше најопасниот на теренот, рече техничкиот набљудувач на УЕФА, Космин Контра. зс/