Connect with us

Фудбал

Нејмар сака да игра со Роналдо?

Според шпанските и германските медиуми, напаѓачот на ПСЖ, Нејмар одлучил да не остане во францускиот главен град, туку да му се придружи на Кристијано Роналдо во Реал Мадрид.

Нејмар очигледно веќе нема намера да остане во ПСЖ. Шпанска “Марка” објави дека Бразилецот одлучил да игра за Реал следната сезона. Весникот наведува дека Нејмар нема проблеми да игра со Роналдо во истиот тим.

Нејмар сака да го напушти Париз што е можно поскоро, па дури и доаѓањето на новиот тренер на ПСЖ, Томас Тухел не го наведе да го промени своето мислење. Нејмар мисли дека нема добар квалитет во Француската Лига 1 и тој сака да се врати во врвното натпреварување, како што е Примера.

Челниците на “Кралскиот клуб” планираат трансферот на Нејмар следната година, но ако тој со Французите се договори за заминување, Реал ќе биде подготвен да испрати понуда.

Нејмар, за 222 милиони евра од Барселона, минатата година отиде во ПСЖ и неговиот договор со клубот истекува во 2022 година.