Connect with us

Фудбал

Нејмар сака во Барселона, но го убедува напаѓачот да остане во ПСЖ

Напаѓачот Единсон Кавани ќе го напушти Пари Сен-Жермен на 1 јули како слободен агент. Според „РМЦ“ Нејмар се обидел да го убеди Уругваецот да остане, но без никаква корист. Ова секако е интересно ако се знае дека Нејмар подолго време се поврзува со враќање во Барселона, што е  и негова желба.

И други играчи на парискиот клуб исто така разговараа со напаѓачот за да го убедат да го обнови договорот, но безуспешно.

Интер и Атлетико се заинтересирани за услугите на Кавани.

Во сезоната 2019/20 година, 33-годишниот Уругваец настапи на 22 натпревари за ПСЖ, постигна седум гола и направи три асистенции.