Connect with us

Фудбал

Нејмар се доверил на соиграчите: Сакам во Барса

Барселона минатото лето упорно се обидуваше да го врати Нејмар на „Камп Ноу“, но не успеа во намерите. Се чини дека и ова лето ќе тргне во офанзива Бразилецот повторно да го облече нивниот дрес.

Според „Мундо Депортиво“, самиот Нејмар сака да се врати во клубот каде што играше во фантастична форма пред неколку сезони. Тој наводно им се доверил на соиграчите од ПСЖ со зборовите: Сакам да одам во Барса.

Сепак, главен проблем можат да бидат парите за обештетувањето. Шпанските медиуми велат дека примарна цел на Барса е младиот Лаутаро Мартинез од Интер, за кого треба да потрошат 111 милиони евра.