Фудбал
Некогаш господин Специјален, сега господин Најлошиот, Мурињо има најлош старт во кариерата, Џенова ги уништи (ВИДЕО)
Со синоќешниот пораз од Џенова од 4:1 во шестото коло од Серија А, Рома и нејзиниот тренер Жозе Мурињо остварија историски дебакл.
Рома има само пет бода по првите шест натпревари, што е нивниот најлош почеток на една сезона во поновата ера на фудбалот, поточно од 1994 година. А нејзиниот тренер Жозе Мурињо никогаш во својата 23-годишна кариера не започнал сезона вака катастрофално. Досега најлошиот старт на сезоната му беше во 2015/2016 година кога со Челзи во првите шест кола освои седум бода, два повеќе од сега со Рома. Потоа, во ноември, тој беше отпуштен. Во сите останати сезони на клупите на Порто, Челзи, Интер, Реал, Манчестер Јунајтед, Тотенхем и Рома имаше најмалку 10 бода по првите шест кола. И сега – по шест кола Рома е само на 14. место во Серија А со само пет освоени бода.