Connect with us

Фудбал

Некогаш играше за Интер, Ливерпул, Барселона, сега ја напушта премиер Лигата и заминува во клуб за кој малкумина слушнале

Престижниот француски магазин L’Equipe, како и Фабрицио Романо, пишуваат дека бразилскиот фудбалер и член на Астон Вила Филипе Кутињо е блиску до заминување во катарскиот Ал Духаил.

Се очекуваше бразилскиот офанзивец да биде предводник на нова Блауграна, но во Каталонија Кутињо не покажа ниту пет отсто од своите фудбалски можности.

Следеа позајмици во Баерн и Астон Вила кои го откупија неговиот договор и чиј член е моментално.

Сепак, Кутињо би можел повторно да замине од Англија на Арапскиот Полуостров.

Според споменатиот извор, Ал Духаил е желен да го види во своите редови, а дали трансферот ќе се случи ќе дознаеме до крајот на денешниот ден, што е крај на летниот трансфер пазар во Еворпа. Освен за Барса, Ливерпул, Астон Вила, Баерн, Кутињо играше и за Интер.