Connect with us

Фудбал

Некогашниот играч на Реал одлучи да се врати од пензија, потпишува договор?!

Ја заврши кариерата минатото лето откако му истече договорот со Рио Аве, а 12 месеци подоцна Фабио Коентрао одлучи да се реактивира. Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид и репрезентативец на Португалија ќе потпише договор со Пакос Фереира, според весникот „А Бола“.

Пред неколку месеци имаше понуди од ПАОК и Фенербахче, но им се заблагодари, а сега се враќа на теренот.

Врвот на неговата кариера беше дресот на Реал Мадрид со кого стана и првак на Европа. Во 2011-та „Кралевите“ на Бенфика за него платија 30 милиони евра.