Connect with us

Фудбал

Некогашниот напаѓач на Јувентус, следната сезона во дресот на најголемиот ривал?!

Откако стана јасно дека не можат да го ангажираат Единсон Кавани, Интер се врти кон напаѓачот на Атлетико Мадрид, Алваро Мората, пишуваат шпанските медиуми. Кавани според информациите следната сезона ќе игра токму во тимот на Атлетико, па Мората најверојатно ќе го загуби првотимскиот статус, затоа шансите за преселба во Италија се реални.

Интер се очекува да го продаде Лаутаро Мартинез на Барселона, па Лукаку мора да има нов партнер следната сезона. Првата цел беше Единсон Кавани, но се чини дека нема да има ништо од тоа. Сега „Нероаѕурите“ ќе се обидат да го донесат некогашниот напаѓач на Јувентус, Алваро Мората.

На овој трансфер инсистира лично тренерот на Интер, Антонио Конте кој со Мората сорабитуваше во Јувентус, но и во Челзи.