Фудбал
Некогашниот шампион, но и екс тимот на македонскиот репрезентативец најголеми губитници, се е готово во Премиер лигата, се знае кој оди во Европа, кој се спаси, а кој испадна
Во Премиер лигата одиграно е последното коло за оваа сезона, по кое стана јасно кој ќе игра во Европа, кој се спаси, а кој ќе испадне. Најголеми губитници се поранешниот шампион Лестер, но и поранешниот тим на нашиот Џани Алиоски, Лидс кои не успеаја да обезбедат опстанок во лигата. Тоа му успеа на Евртон кој во последното коло славеше против Бурнмаут со 1:0. Меѓу оние кои ќе ја напуштат Премиер лигата е и тимот на Саутемптон, кој уште поодамна „потона“.
Што се однесува до врвот, се знае дека Манчестер Сити е шампион. Покрај нив, пласман во групната фаза во ЛШ обезбедија Арсенал, Манчестер Јунајтед и Њукасл, во Европа Лига ќе играат Ливерпул и Брајтон, а во Конференциската лига Англичаните ќе ги претставува Астон Вила. Челзи и Тотенхен се најголемите разочарувања, кои завршија на средината на табелата.