Connect with us

Кошарка

Некои носат „8“, а некои „24“ – голем број на граѓани се простуваат од легендарниот Коби

Навивачи наЛос Анџелес Лејкерс и сите оние кои се поклонија на легендарниот Коби Брајант се собраа на платото пред центарот „Стејплс“ за да му оддадат последна почит.

Голем број луѓе се собраа во близина на спортската сала каде го гледаа нивниот идол Коби Брајант , кој трагично загина во неделата.

Многумина носеа дресови со „црни мамба“, некои носеа број осум на грбот и некои 24. Поставуваа цвеќиња и венци, а поединци дури и оставаа кошаркарски топки на платото пред салата во чест на еден од најголемите кошаркари досега.