Connect with us

Фудбал

Некој не знае ни со нога: Ричарлисон ја прими топката со грб и доби овации (ВИДЕО)

Евертон вчера повторно ги разочара своите навивачи бидејќи на Гудисон беше поразен од Брентфорд со 3:2.

Евертон имаше голема шанса да обезбеди опстанок во друштво на најдобрите и во преостанатите два натпревари да не се грижи за статусот во Премиершип, но Брентфорд успеа да ги шокира на Гудисон.

Брентфорд на крајот победи со 3:2 по пресвртот, а треба да се напомене дека Евертон го заврши натпреварот со двајца играчи помалку бидејќи Брејтвејт и Рондон добија директни црвени картони.

Единствена светла точка во тимот на Евертон повторно беше Ричарлисон. Бразилецот одигра добар натпревар и успеа да постигне гол и да асистира во голот на Калверт-Лјуин, но тоа не беше доволно за да избегне пораз за Евертон.

Ричарлисон беше расположен за мечот, а тоа го покажа во 60. минута кога со одличен потег изнуди аплаузи од трибините.

По една долга топка, Бразилецот реши да ја прими со грб, што предизвика ентузијазам кај навивачите на Евертон. Тогаш расположението на трибините беше сè уште одлично бидејќи Евертон во тоа време водеше со 2:1.

Реклама

Facebook