Connect with us

Кошарка

Неколку НБА тимови покажуваат интерес за Блејк Грифин

Вашингтон, 21 октомври 2020 (МИА) – Неколку екипи од НБА лигата се интересираат за кошаркарот на Детроит пистонс, Блејк Грифин, објави инсајдерот во ЕСПН, Зак Лоу.

Минатата сезона, 31-годишниот Грифин одигра само 18 натпревари поради две операции на левото колено.

На кошаркаор му остануваат уште две години од договорот со Пистонс, за што треба да добие 36,8 и 38,8 милиони долари по сезона.

Детроит го донесе Грифин од Лос Анџелес клиперс во 2018 година. зс/