Connect with us

Фудбал

„Неколку пати го одбив Јувентус, не сакав да испаднам лоша личност“

Јувентус во моментов е еден од најдобрите европски и светски клубови, меѓутоа пред 10 години не беше случај кога Старата дама не успеа да ги привлече големите sвезди како денес.

Стеван Јоветиќ со своите одлични игри во Фионетина, еднаш стана желба на Бинаконерите кои го посакуваа во неколку наврати, но Црногорецот не заврши во Торино.

Офанзивецот чија кариера ја мачи многу проблеми со повреда, призна дека неколку пати го одбил Јувентус затоа што не сакал да испадне дека лош човек.

“Кога заминав, се чувствував лошо затоа што некои напишаа дека одам во Јувентус. Ја знам историјата на Виола, неколкупати ги одбив Бјанконите.“

Овој 30-годишник во моментов е член на Монако, во меѓувреме играл за Интер и Севиља.

Ривалството на Фиорентина и Јувентус беше кренато на високо ниво пред три децении кога Роберто Баџо се пресели во клубот од Торино и од тогаш во Фиренца секое заминување од Виола во Бјанконерите се смета за предавство.