Connect with us

Фудбал

Нема алкохол пред мечот Италија – Македонија

Во пресрет на натпреварот меѓу Италија и Македонија, градоначалникот на Палермо, донесе одлука по 18:00 часот попладнево, локалите да не точат алкохол.

Оваа одлука е донесена со цел да се избегнат проблемите кои ги прават пијаните навивачи.

Но овој предлог на избегнување на проблемите со полицијата, наиде на реакција кај голем број сопственици кои имаат локали.

„Денот требаше да биде забава, но наместо тоа се претвори во дополнително понижување кон претприемачите, работниците и нивните семејства кои по две тешки години, денес веќе не можат да си дозволат ниту еден час ограничување на нивното право на работа, особено ако сите се слободни, а не конкретно мотивирани“, стои во реакцијата на еден од сопствениците.