Други спортови
Нема да има 30-0, Хабиб Нурмагомедов и официјално во пензија
Хабиб Нурмагомедов и официјално заминува во пензија. Нема да има 30-0 во неговите мечеви. Ќе остане на 29-0, а тоа го потврди еден од главните ликови во ММА борбите, Дејна Вајт.
-Ќе застане на 29-0. Тој е стоотстотно официјално пензиониран, напиша тој.
Малку подоцна и самиот борец се огласи и потврди дека и официјално е во пензија.
– Дејна, никогаш нема да го заборавам твојот однос кон мене, мојот татко тоа не го заборави, а и моите синови ќе го паметат тоа. Денеска имавме разговор како вистински мажи. Благодарност до комплетниот тим, спаринг партнерите и навивачите. Се надевам дека ќе ја прифатите и разберете мојата одлука, напиша Нурмагомедов.