Connect with us

Други спортови

Нема да се ракувам со Русите и Белорусите и крај, Украинката со јавна порака

Украинската тенисерка Елена Свитолина во неколку наврати повтори дека не планира да се ракува со тенисерките од Русија и Белорусија се додека трае воената инвазија во нејзината земја, а нејзиниот потег крена голема бура на Ролан Гарос. Тоа особено се однесува на мечот со Арина Сабаленка, која по победата ја чекаше Свитолина на мрежата, но Украинката целосно ја игнорираше, поради што доби и свирежи. Навивачите во Франција не беа среќни бидејќи тоа го сметаат за непочитување на фер-плејот, а во пресрет на мечот со Викторија Азаренка од Белорусија на Вимблдон, Свитолина даде интервју за Би-Би-Си каде однапред апелираше до публиката да не ја исфриркува!? Згора на тоа, таа е убедена дека нема да наиде на ваков третман во Англија.

„Во Париз не ме разбраа, бидејќи во Стразбур сите разбраа за што се работи. Се надевам дека британската публика ќе го направи истото сега. Ќе го направам истото. Јас не се ракувам со Белорусите или Русите. И се надевам дека нема да биде ништо ново за нив…“, изјави Украинката говорејќи за Јавниот сервис на Велика Британија ден пред мечот со Викторија Азаренка, што секако ќе привлече големо внимание поради политичката ситуација.

Да потсетиме, Свитолина истакна дека верува дека Сабаленка намерно стапнала на мрежата и чекала да предизвика реакција од публиката:

„Мојата првична реакција беше „Што правиш?“. На моите прес-конференции сосема јасно кажав кој е мојот став. Можеби таа не ги користи социјалните мрежи“, изјави тогаш Украинката.