Фудбал
Нема Европа за Вардар, Босанците се радуваат
Разочарување во Вардар, насмевки во БиХ. Вардар не доби лиценца за настап во европските купови, а поради тоа што има коефициент 5, требаше да биде носител во првите извлекувања, односно во раните фази од натпреварувањето.

Дел од босанските медиуми оваа вест ја објавија со радост, бидејќи како што велат тие, сега нивниот претставник ФК Сараево има поголеми шанси да биде носител во жрепката, а тоа значи и добивање на полесен противник во првото коло.