Connect with us

Фудбал

Нема фудбал на Кипар, судиите штрајкуваат поради бомбашки напад врз нивен колега

Кипарскиот фудбалски шампионат е суспендиран на неодредено, по протестот на судиите поради бомбашкиот напад врз автомобил на нивен колега. Фудбалската федерација на Кипар соошти дека мечевите нема да се играат и го осуди нападот како чин на тероризам.

Полицијата објави дека под автомобил во Ларнака, сопственост на судијата Андрес Константину, експлодирала бомба. Нема повредени и жртви, има само материјална штета. Причините за нападот не се познати.