Connect with us

Фудбал

Нема крај за проблемите на Дани Алвеш, тој е во затвор поради обвинение за силување, а сега клубот кој го отпушти му бара 4,5 милиони евра обештетување (ФОТО)

Проблемите околу обвинувањата за силување на Дани Алвеш се зголемуваат откако беше откриено дека неговиот поранешен клуб Пумас од Мексико бара милиони евра обештетување, пишува мадридска Марка.


Како што е познато, фудбалерот во моментов се наоѓа во притвор во Барселона поради наводното кривично дело.

Мексиканскиот тим, кој го отпушти Дани Алвеш по неговото апсење поради обвинение за силување, ќе бара милионска отштета од Бразилецот за прекршување на клаузулата за однесување што ја потпиша во 2022 година во неговиот договор со клубот.

Дани Алвеш беше уапсен на 20 јануари и оттогаш е задржан без кауција под обвинение за сексуален напад.

Бразилското издание „UOL Sporte“ пренесува дека на 20 јануари, датумот на апсењето, управата на клубот му испратила мејл на Даниел Алвеш во кој објавил раскин на договорот и го информирал за барањето за обештетување од близу 4,5 милиони евра.

Бразилските медиуми добија пристап до мејлот што Пумас му го испрати на Дани Алвеш, во кој мексиканскиот тим се повикува на клаузулата со која се казнува играчот во три случаи – 1.учество во допинг скандали; 2. учество во кој било скандал што станал познат на јавноста; 3. секое дело што се смета за кривично дело според законодавството на земјата во која е извршено.