Connect with us

Други спортови

Нема медал за Македонија

Македонските каратисти се враќаат без освоен медал од Светското првенство за сениори кое се одржува во Мадрид, Шпанија. Најголемата наша надеж за успех, европскиот шампион Емил Павлов загуби уште во првото коло од Белгиецот Дасул со 1:0, со што веднаш ги загуби шансите за посериозен резултат. Претходно, најдобри остварувања на шампионатот запишаа Берат Јакупи и Азиз Исмаил кои стигнаа до четвртфиналето.

Во женска конкуренција, Сара Радичевска загуби во првото коло, а Јована Георгиев и Наташа Стефановски во втората рунда натпревари од соодветните категории.

Утре на програмата се екипните настапи на Светското првенство на кое учествуваат 1251 натпреварувач од 140 земји во светот.

Македонија до сега медал од Светските првенства има само од Жарко Арсовски кој освои бронза во 2010 година во Белград. Светското првенство е најголема шанса за доближување до Олимписките игри во Токио 2020 година, односно за најголем скок на ВКФ ранг листата, за која бодувањето почна од Азиските игри и продолжи низ двете кола од Премиер лигата.

Реклама
Реклама

ФОТО

Повеќе од Други спортови

WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com