Други спортови
Нема мир по бурната трка во Мелбурн – Хас се пожали на конечниот пласман!
Американскиот тим Хас денеска поднесе жалба до Меѓународната автомобилска федерација (ФИА) во врска со конечниот редослед на трката во Формула 1 за Големата награда на Австралија .
По вториот и последен рестарт на трката, на два круга пред крајот, возачот на Хас, Нико Хулкенберг стигна до четвртото место, но потоа поради нови инциденти, трката беше прекината и заврши зад безбедносното возило.
ФИА реши да не гледа на рангирањето по вториот рестарт, туку да ги задржи претходните резултати, па Германецот ја заврши трката на седмото место.
Неговиот тимски колега Кевин Магнусен се повлече во 54. круг, откако остана без гума, а токму овој инцидент доведе до вториот прекин на трката.
Победата во Австралија ја забележа двократниот последователен светски шампион Макс Верстапен од Ред Бул, втор Луис Хамилтон од Мерцедес, а трет Фернандо Алонсо од Астон Мартин.
Во генералниот пласман по три трки води Верстапен со 69 бодови, неговиот тимски колега Серхио Перез е втор со 15 бодови помалку, додека третото место е Алонсо со 45 бодови.
Следната трка се вози во Азербејџан на 30 април.