Connect with us

Други спортови

Нема ништо лошо во тоа девојките да бидат силни и да ги тепаат момчињата

Американската теисерка Серена Вилијамс зборуваше за својот секојдневен живот и споредбата со најдобрите на сите времиња. Америкаката падна во очите на јавноста за вреем на финалето на Отворењното тениско првенство на САД, кога беше поразена од Јапонката Наоми Осака, меч на кој направи голема драма на централниот терен поради расправијата со главниот судија Карлос Рамос.

Вилјамс  ја отфрли можноста дека е најдобра тенисерка на сите времиња и вели дека таквото нешто се уште и звучи чудно.

-Јас сум само Серена, онаа која тренира секој ден, работи нормални работи, најмладата од петте деца во семејството. Знаете тоа мене ми овозможува да останам разумна, да останам позитивна, каква што сум. Секогаш ми е чудно кога ќе ме споредат со некоја од најдобрите тенисерки во историјата, изјави Серена.

Американаката имаше интересен коментар и на тоа како тенисерките може да бидат секси и силни во исто време.

-Мислам дека е многу важно девојките да сфатат дека може да бидат секси и силни во истто време. Нема ништо  лошо во тоа девојките да бидат силни и да ги тепааат момчињата, заврши Серена.

За однесувањето на Серена на последниот грен слем турнир, интересен коментар имаше еден од најтемпераментните тенисери на сите времиња Џон Мекинро.

-На кого треба да му се извини Серена, запраша Мекинро. Ако е крадец најлошата работа што ја кажала, имам полоши вести за вас. Многу други и грачи, вклучувајќи ме и мене му кажале многу погрди зборови на судијата. Не е убаво кога некој на вас ќе ви каже лопов, но нермојте да кревате многу прашина околу тоа. Сите сме свесни дека тренерите констатно им даваат совети на играчите. Тој одеднаш се реши да ја казни Серена. Двјацата направија проблем, изјави Мекинро.