Фудбал
Нема одложување на мечот Атлетико-Лајпциг и покрај тоа што има двајца фудбалери позитивни на коронавирус
Покрај тоа што двајца фудбалери на Атлетико Мадрид се позитивни на коронавирус, УЕФА не планира да го одложи мечот. Тој е на програмата на 13-ти август, ќе се игра во Лисабон на неутрален терен, пред празни трибини, а од УЕФА велат дека засега мечот ќе се одигра според планот.
Позитивни на коронавирус се Шиме Врсаљко и Анхел Кореа, но останатите играчи на Атлетико Мадрид се негативни на повторното тестирање.