Фудбал
„Нема попуст поради коронавирусот – цената е 110 милиони евра“
Борусија Дортмунд е подготвена да го продаде Џејдон Санчо, но тоа нема да отстапи од сумата која ја бараат.
Иако пандемијата на коронавирусот сигурно ќе го погоди фудбалскиот пазар и ќе ги „сруши“ цените на играчите, нема да има никакви „попусти“ во Дортмунд.
Манчестер Јунајтед наводно е заинтересиран за Санчо, „Црвените ѓаволи“ контактирале со младиот англиски агент, но нема да го доведат толку лесно на „Олд Трафорд“.
„Борусија испрати порака до сите клубови што се распрашуваат за Санчо: Ние нема да ја промениме цената поради кризата предиузвикана од коронавирусот, нема да го продадеме за помалку од 110 милиони евра“, пишува новинарот Фабрикио Романо кој само ја пренесе пораката на „Милионерите“.
Досега, Борусија нема добиено ниту една официјална понуда за Санчо.