Фудбал
Нема прошка за нередите: Навивачите ќе добијат доживотна забрана за влез на стадион
Куп натпреварот помеѓу Париз ФК и Лион беше прекинат поради нереди на навивачите.
Фудбалскиот сојуз во Франција денеска соопшти дека двата клуба треба да платат казни, а пред два дена беше донесена одлука двете екипи да бидат исклучени од понатамошното натпреварување во Купот.
Тоа значи дека нивниот следен потенцијален противник, тимот на Ница, автоматски се пласираше во следната рунда од натпреварувањето.
Казните се прифатени и во редовите на двата клуба, а Лион гарантира дека ќе ги најде виновниците за нередите. Кога ќе се утврди за кој од навивачите станува збор, засекогаш ќе им биде забрането да доаѓаат на стадионите.
„За таквите нема место на трибините, не знаат да уживаат во фудбалот. Клубот ќе направи се за да ги открие виновниците, а после тоа ќе ги официјализираме најголемите казни во историјата на францускиот фудбал, односно доживотна забрана за влегување на стадионот“, изјави Лион.