Фудбал
Нема веќе чекање: Јунајтед тргна по две големи засилувања!
Манчестер јунајтед тргна по две големи засилувања.
Според англиските медиуми, „црвените ѓаволи“ ќе се обидат да ги завршат трансферите на Џејмс Медисон од Лестер и Аркадиуш Милик од Наполи до крајот на јануари.
Јунајтед ниту оваа сезона не блеска. Последниот тежок пораз од ривалот Манчестер Сити беше едноставно капка што ја прелеа чашата и менаџерот Солскјер побара од раководството засилување.
Медисон е главната цел на Јунајтед. На „Олд Трафорд“ се убедени дека ќе можат да го доведат до крајот на преодниот рок, што ќе ги чини околу 100 милиони евра.
Од друга страна, наводно е подготвена понуда од 70 милиони евра за полскиот напаѓач Аркадиуш Милик и ќе видиме дали Наполи ќе ја прифати оваа понуда.
Медисон и Милик сигурно би биле добро засилување за Јунајтед, кои со години имаа големи проблеми да се вратат во врвот на англискиот фудбал.