Други спортови
Нема веќе дилеми, новата ѕвезда е родена, тинејџерот по Надал и Ѓоковиќ, го уништи и Зверев во финалето (ВИДЕО)
Нема повеќе дилеми, Карлос Алкараз е новата ѕвезда на светскиот тенис. Во финалето на Мастерсот во Мадрид, Алкараз го уништи Александар Зверев со 2:0. Беше 6:3, 6:1 во сетови за само еден час игра. Шпанскиот тенисер не му даде ниту минимална шанса на противникот од Германија.
Алкараз на овој турнир ги победи Ѓоковиќ, Надал и Зверев, првите тројца тенисери во светот во моментов.
За крај да додадеме дека Карлос Алкараз е роден на 5 мај 2003 година, па три дена по неговиот 19 роденден ги збриша најдобрите тенисери на денешницата.
Некои веќе предвидуваат дека Алкараз би можел да го освои и својот прв Грен слем турнир оваа година. Дали прогнозите ќе испаднат точни ќе видиме на крајот на овој месец на Ролан Гарос.
The Master of Madrid 🏆@alcarazcarlos03 | @MutuaMadridOpen | #MMOPEN pic.twitter.com/iI66bKkBTk
— ATP Tour (@atptour) May 8, 2022