Connect with us

Ракомет

Нема веќе дилеми, Пелистер отпаднал, Кантегрел е сигурен во Вардар!

Објавено:

За французинот Робин Кантегрел се пишуваше долго. Првично дека ќе се приклучи на Пелистер, но сега веќе нема дилеми, тој оди во Вардар и тоа е сигурно.

„Кантегрел испрати информации дека сака да си оди преку агентот. Не им ја затворивме вратата, затоа што не сакаме незадоволни играчи во тимот. Мислев дека ќе го промени мислењето затоа што Сесон Рен е одличен клуб за тој да се покаже и развива“, изјави Клеменко за француските медиуми.

Проблем засега останува ставот на раководството на Сесон, клуб со кој голманот има уште една година од актуелниот договор. Во него има клаузула за раскин ако Кантегрел замине во друг клуб од првата француска лига, но таа не може да се активира со преселба во Македонија.

25-годишниот голман веќе ги информирал челниците дека сака да си замине и дека е незадоволен во екипата која оваа сезона испадна во второлигашкото друштво.

Advertisement
Реклама
Реклама

Facebook

Реклама
Реклама