Други спортови
Нема веќе штипење и влечење за гаќички, Ватерполото воведува ВАР технологија
Штипење, тргање за гаќички и удирање: Доста е! Ватерполото воведува ВАР, кој судиите го користат во фудбалот, во ватерполото ќе се вика ВМС (Видео Мониторинг Систем), а технологијата веќе е тестирана на неколку турнири на ФИНА и наскоро би требало да стане стандарден дел сите ватерполо турнири.

Бруталноста под водата гледачите може да го видат само во повторена снимка, но се подготвува голема промена. Затоа сега и ватерполото ќе добие ВАР, како што има во фудбалот.
-Се е тестирано на неколку турнири и тоа се покажа како еден голем чекор напред. Но, мора да кажам дека се уште се е во фаза на тестирање, судиите го гледаа тоа по натпреварите. Меѓутоа од Светското првенство во Кореа следната година се очекува нејзина целосна примена, изјави Младен Рак, поранешен ватерполист кој веќе 14 – години суди со меѓународна лиценца.
За судиите во ватерполо често може да се каже дека понекогаш судат на памет. Ќе видат дека водата ќе се разбрани и судат фаул. Што се случува под водата, тоа никој не го гледа.
Дуелите на сидрашите и бековите понекогаш ја преминуваат границата на нормалното. Некои ги фаќаат противниците за тестиси, ги кубат за влакната под пазувите, чекаат сидрашот да нурне и потоа го удураат со колено во глава. Но, ништо понежни не се ниту девојките.
-Под вода може да работитие што сакате, додека не ве видат судиите. За разлика од ватеполистите кај нас костимите за капење поголема површина на телото, мажите се во гаќички. И потоа оди фаќањето за костимите за капење. Затоа вештите одземаат по некоја топка повеќе . Ние не носиме дупли костими. Ако пукне пукне. Мораме да играме и понатаму, изјави Миа Симуниќ тренерката на ватерполо клубот Младост.