Кошарка
Нема време за одмор, Македонија попладнево против Русија: Да покажеме дека можеме со големите
Македонската кошаркарска репрезентација попладнево го игра квалификацискиот меч за пласман на ЕП против Русија. Нема време за одмор против вчерашниот исцрпувачки меч против Италија (92:84) кој нашите кошаркари го загубија во финишот од натпреварот.
Противник е селекцијата на Русија, уште една силна репрезентација во кошарка.
Бојан Трајковски вели: Против Русија одиме да си покажеме дека можеме со големите.
Македонија има три порази од три меча, а натпреварот се игра во 15:30 часот во Арена „Молот“ во Перм.