Connect with us

Фудбал

„Немам џојстик во моите раце за да водам тим како на PlayStation или Football Manager“

ПСЖ го победи Марсеј со 2-1 во големото дерби синоќа во рамките на 32.коло од француската Лига 1.

Парижаните успеаја да стигнат до нови три бода и сега се на чекор до француската титула. Марисеј пружи добар отпор на Паркот на принцовите, но на крајот не успеа да постигне гол.

Головите за ПСЖ синоќа ги постигнаа Нејмар и Килијан Мбапе, додека единствен стрелец за гостинскиот тим беше Дује Чалета-Цар.

Возбудливо беше и на прес-конференцијата по натпреварот, а во центарот на вниманието беше тренерот на домашната екипа Маурисио Покетино. Тој одговори на критиките во јавноста зошто ПСЖ не доминира во сите натпреварувања оваа сезона и објасни зошто не е толку едноставно.

„Немам џојстик во моите раце за да водам тим како на PlayStation или Football Manager. Ние не играме PlayStation овде, ова е професионален фудбал. Работиме цела недела, тренираме и се подготвуваме натпревари“, започна Покетино и продолжи:

„Многу луѓе мислат дека тренирањето на ПСЖ е како да играш PlayStation или Football Manager. Па, не е толку едноставно. Тоа не е реалност. Во реалноста, потребно е многу работа и труд за да се случи нешто, а не преку ноќ“.

Тој се осврна и на неговиот сонародник од другата страна, Хорхе Сампаоли, кој синоќа покажа колку е темпераментен тренерот.

„Тоа е лош концепт за тренерот. Мислам дека тренерот не треба да скока и да вика покрај теренот за да можат играчите да ве слушнат подобро. Тоа често дава спротивен ефект отколку што сакате. На вас е да ги подготвите пред мечот што подобро и да објасните што сакате, а нивно е да го направат тоа на теренот. Јас не сум тренер кој ќе им вика на играчите за време на натпреварот и ќе скока таму до клупата“, заклучи Покетино.