Connect with us

Други спортови

Немам секс 12 недели, нема ни да имам до борбата со Вајлдер

Како се наближува боксерскиот спектакл помеѓу Британецот Тајсон Фјури и Американецот Дионтеј Вајлдер така се почесто овој меч добива на популарност.

Фјури на први декември ќе го има може и најголемиот предизвик во кариерата, а победникот од овој дуел оди на мегдан против актуелниот шампион во тешка категорија, Британецот Ентони Џошуа.

Како што самиот истакна, контроверзниот Фјури е целосно подготвен за овој меч. Прво ја намали тежината, а потоа одлучи во текот на подготовките да се откаже од секс бидејќи сака целосно да се посвети на борбата. Тој откри дека последните 12 седмици немал никакви односи со сопругата.

  • Немав секс 12 седмици. Не сакам ништо да ми го поремети мечот. Ретко се гледа да се борат боксери кои имаат исти физички предиспозиции и затоа постои голема опасност од оштетување на мозокот кога ќе добиете удар од голем човек, изјави Фјури.

„Кралот на циганите“ неодамна откри дека на дебитантската борба која има имаше пред десет години имал секс само два часа пред мечот.

  • Многу работи отидоа во спротивен правец во мојот дебитантски меч и имав секс два часа пред дуелот. Се возбудив, не лажам. Мојата жена беше крај мене и низ глава ми поминуваа различни валкани мисли. Затоа не е добро кога партнерот е до вас, но јас сакам кога имам друшто до себе. Мене сексот не ме исцршува, ми дава енергија и затоа победив на првиот меч во кариерата, додаде Британецот.

Сепак, на подготовките за мечот против Вајлдер, сопругата на Фјури не е до него, бидејќи овој пат целиот свој фокус е насочен кон борбата за ВБЦ појасот.

Реклама

ФОТО

Повеќе од Други спортови

WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com