Connect with us

Фудбал

„Немаме ниту Меси ниту ЦР7“, Пиоли дава одговор на прашањето за Пјатек!

Едно од најоспоруваните имиња во Милан е несомнено Пиатек. Напаѓачот изгледа далеку од оној што беше пред една сезона. Постигна само еден гол во 14 кола од првенството, со тоа што Полјакот е во центарот на критиката.

Сепак, тренерот Пиоли го брани, велејќи дека Пјатек е функционален за тимот. Исто така, стратегот објаснува дека нема проблем со напаѓачот.

„Нема проблем со Пјатек. Милан се обидува на секој можен начин да ја остави зад себе оваа деликатна ситуација. Нема проблем. Мора да се фокусираме. Има само еден играч, има само Милан за мене. Сите работиме заедно! Ако Пјатек игра утре, тогаш тоа значи дека тој работи за тимот.Пјатек е повеќе во зоната, додека Леао се движи поинаку“.