Connect with us

Други спортови

„Немаме шанси да победиме на австралиската трка“

Ферари пристигна во Австралија, каде што ќе се одржи првата сезонска трка во Формула 1, в недела.

Од Ферари велат дека не се доволно брзи за да победат на патеката во Мелбурн:

„Не верувам дека ќе можеме да победиме во Австралија“.

„Секако дека секој автомобил има свои проблеми, некои менуваат, некои не. Некои имаат проблеми со сигурност, некои со гуми, некои со брзина. Па така, во трка може да се случи се“, рече Биното.

„Како и да е, ние не сме толку брзи за да победиме. Ние не се криеме, тоа е реалноста. По првите 3 трки ќе направиме анализа на ситуацијата“, рече Биното.