Фудбал
Немања Матиќ задоволно ги „трие рацете“ поради новиот договор со Јунајтед
Репрезентативецот на Србија, Немања Матиќ (31) ќе го продолжи договорот со Манчестер Јунајтед.
Иако се шпекулираше до пред неколку месеци дека ќе го напушти клубот од „Олд Трафорд“, 31-годишниот играч од средниот ред ќе продолжи да го носи дресот на „црвените ѓаволи“ и ќе ја продолжи соработката уште две сезони.
Според англиските медиуми, Матиќ добро ќе го наплати новиот две годишен договор. Јунајтед ќе ја зголеми неговата плата од 120.000 фунти на 140.000 фунти неделно, што значи дека Немања ќе заработува неверојатни 17 милиони фунти годишно.
На крајот на краиштата, Матиќ треба да биде задоволен од новиот договор во дрес на Јунајтед во кој треба да остане до јуни 2022 година.
Матиќ е член на великанот од „Олд Трафорд“ од 2017 година, откако претходно играше за Челси, Бенфика, Витеси и Кошице.