Connect with us

Фудбал

Немаше кој друг да ја земе Златната топка – Меси го направи тоа по втор пат

Аргентинската суперѕвезда Лионел Меси очекувано ја доби наградата „Златната топка“ за најдобар играч на Светското првенство во Катар, бидејќи „гаучосите“ ја освоија третата титула на турнирот по драматичната победа над Франција во финалето.

Тој стана и првиот играч во историјата на Светските првенства кој ја освоил наградата по втор пат. Првата ваква награда ја освои во 2014 година во Бразил. Тогаш не можеше да се радува на неа, бидејќи „албицелесте“ загуби во финалето со 0:1 од Германија.

Ла Пулга имаше 10 голови за време на турнирот во Катар. Постигна 7 гола и додаде 3 асистенции. Вкупно на Мондијали има 13 гола и 8 асистенции на 26 натпревари. Натпреварот на Лусаил против Франција му беше последен на најголемиот фудбалски форум.