Connect with us

Фудбал

Необјаснива сцена од трибините: Навивач држи знаме и 90 минути го имитира помошниот судија

Неверојатна сцена се случи на мечот во Бразил каде се сретнаа Америка и Атлетико Минеиро (0:2).

Еден од навивачите кој се најде на трибините стана апсолутен хит бидејќи го имитираше помошниот судија од необјаснива причина.

Тој на трибините се појави со знаме, ја следеше секоја акција на помошникот на теренот и го имитираше секој негов потег.

Немаше да биде ништо чудно овој навивач да не го направеше тоа сите 90 минути, а причината зошто го направи тоа сè уште не е позната.