Connect with us

Фудбал

Неочекуван пречек на Серхио Рамос во Париз (ВИДЕО)

Неочекувано , Серхио Рамос имаше непријатна вечер на инаку лесниот натпревар за Пари Сен Жермен против Лориен во неделата вечерта. Искусниот Шпанец околу последните 20 минути настапуваше како резерва, но беше исвиркуван штом влегуваше на теренот, како и секој пат кога ја допираше топката.

Поранешниот капитен на Реал Мадрид пропушти голем дел од сезоната поради повреди и сега ова му беше само петти настап за парижаните. Сега тој се врати на теренот по 2 месеци лекување.

Рамос минатото лето пристигна во клубот на слободен трансфер и неговиот договор е за уште една сезона.