Фудбал
Неочекуваниот трансфер завршен- Роналдо, па Арнаутовиќ!
Марко Арнаутовиќ по 13 години се враќа во Интер! Клубот од „Џузепе Меаца“ ги комплетираше сите детали со Болоња и го доведува Австриецот со српско потекло за 10 милиони евра. Интересно, ова е втор најскап платен трансфер за играчи кои имаат наполнето најмалку 34 години, бидејќи повеќе е платен само Кристијано Роналдо кој од Јувентус се пресели во Манчестер Јунајтед за 14 милиони! Арнаутовиќ влезе како алтернатива во ротацијата, откако Симоне Инзаги остана без Ромелу Лукаку и Един Џеко. Исто така, дојде и Маркус Тирам, а останува да се види дали ќе донесе звучно име во нападот. Се на се, еден од неочекуваните трансфери е завршен, Арнаутовиќ е вториот најплатен „ветеран“ по Роналдо…